За нас
За нас PDF Печати Е-пошта

Програма за работа

Остварувајќи ги своите цели и задачи Мотоциклистичката федерација на Македонија ќе ја реализира следната програма за работа:

- Ќе го поттикнува и унапредува мотоциклизмот во Република Македонија со преземање на сите неопходни активности;

- Ќе ги реализира програмите за развој и омасовување на мотоциклизмот во Република Македонија по пат на ширење на интересот за овој спорт меѓу младите;

- Ќе ги усогласува и координира клубските програмски активности за развој на мотоциклизмот во Република Македонија, со пружање непосредна помош на постојните клубови и со основање на нови;

- Целосно ќе го организира и спроведува системот на натпревари според претходно утврден календар за секоја натпреварувачка сезона;

- Целосно ќе го организира учеството на македонските спортисти на меѓународни мотоциклистижки натпревари итн...

 

"По иницијатива на 29 мотоциклистички клубови од Република Македонија на 7 ноември 2007 година во Скопје се одржа основачко Собрание на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ). Основањето на оваа спортска асоцијација е извршено врз основа на одредбите од Законот за здруженијата на граѓани и фондации како и одредбите од Законот за спорт. Собранието на основачите на МФМ го донесе и Статутот на Мотоциклистичката федерација на Македонија како единствена државна спортска федерација на мотоциклизмот во Република Македонија."

 

Според статутот МФМ е член на Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM - Federation internationale de motosport). МФМ е непрофитно здружение со седиште во Скопје /бул. АВНОЈ бр.58/1-2/ кое ќе дејствува на територијата на Република Македонија.

За прв претседател на Мотоциклистичката федерација на Македонија е избран господинот м-р Дејан Силјановски од Скопје.

 

 


Анкета

Омилен Мотор
 

Најавете се..




Покренато од Acvilla Corp. | web design | hosting solutions