Волково 2009 PDF Печати Е-пошта

 

 ВОЛКОВО, 2009

Шампионат на Македонија за Скутери – 21.03.2009

Посебен Правилник

 

1. ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАР

 

1.1 МК „Цобо спорт“ од Скопје е организатор на мотоциклистичкиот натпревар за скутери на кружни патеки кој ќе се одржи на 21 март 2009 на патеката во Волково.

1.2 Овој Посебен правилник е одобрен од страна на стручната комисија на МФМ.

 

1.3 Заклучување на пријави: 20.03.2009

Објавување на листа на пријавени: 21.03.2009

 

ПЕТОК, 20.03.2009

13:00 – 14:00 Слободен тренинг – прв дел

15:00 – 16:00 Слободен тренинг – втор дел

САБОТА, 21.03.2009

09:00 – 10:30 Верификација и Технички преглед

11:00 Прва седница на жири комисија

11:30 Тренинг – прв дел (15 минути по дивизија)

12:30 Тренинг – втор дел (15 минути по дивизија)

13:30 Втора седница на жири комисија

14:00 Брифинг со возачите

14:15 Протоколарно отворање на натпреварот (Задолжително е присуство на сите натпреварувачи со полна опрема)

14:30 Старт на натпреварот

Прогласувањето на победници ќе се одржи веднаш по завршување на натпреварот

Трета седница на жири комисија – 30 минути по завршување на натпреварот

1

 

2. ОРГАНИЗАЦИЈА

2.1 Организациски одбор

Претседателство на организациски одбор

Претседател: Слободан Ивчески

Секретар: Игор Барјактаровиќ

Член: Васил Николовски

Член: Владимир Карчицки

Член: Деан Блажевски

2.2 Адреса на секретаријатот на натпреварот

 

До 20.03.2009 МК „Цобо спорт“

Ул. „Стрезово“ бр. 5, 1000 Скопје

На 21.03.2009 Патека Волково – Скопје

2.3 Раководство на натпревар

Делегат: Велибор Каевски

Директор на натпревар: Слободан Ивчески

Главен судија: Љупчо Василевски

Секретар на натпревар: Игор Барјактаровиќ

Жири на натпревар: Маја Милошевска

Љубомир Несторовски

Мирослав Даскалов

Технички делегат: Деан Блажевски

Верификација: Владимир Карчицки

Лекар: Поликлиника Манолев

Техничка комисија: Златко Марковски

Мерење на време: Хроно ВДК

Здравствена служба: Поликлиника Манолев

Безбедносно возило: Деан Блажевски

2.4 Поставување огласна табла

Сите информации одлуки и резултати ќе бидат поставени на огласна табла.

2

 

3. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

3.1 Натпреварот е организиран во склоп со одредбите на меѓународниот спортски правилник на ФИМ, спортскиот правилник на МФМ, како и посебниот правилник за натпревари на кружни патеки и посебниот правилник на организаторот со кои се опфатени одредени исклучоци во однос споменатите правилници.

3.2 Со пријавата за натпреварот возачот се обврзува да ги почитува сите горе наведени прописи и одлуки на раководството на натпреварот и судиите кои не се предвидени во општиот правилник на МФМ и ФИМ.

3.3 За сите натпреварувачи или здруженија, кои организираат или го попречуваат натпреварот и ги прекршуваат правилата и прописите ќе се превземат санкции од страна на жирито.

3.4 Трката се бодува за Шампионат на Македонија за скутери.

4. ПАТЕКА

 

4.1 Натпреварот се организира на патеката лоцирана на полигонот во Волково.

Должина: 730 метри

Минимална ширина: 8 метри

Пропусна моќ на патеката: 12 скутери

5. КЛАСИ

 

5.1 Дозволено е учество на сите мотоцикли кои ги исполнуваат прописите распишани од страна на МФМ.

КЛАСА 1 (Формула екстрим) - до 80 сcm (двотактни и четворо-тактни мотори)

КЛАСА 2 (Серија) - од 81 до 150 ссm (четворотактни мотори)

5.2 Забрането е учество на мотоцикли со мануелен манувач.

6. ОПРЕМА

 

6.1 Опремата на натпреварувачите и мотоциклите мора да биде во согласност со правилникот на МФМ.

6.2 Секој натпреварувач кој нема да ги исполни условите, нема да биде примен на натпревар.

6.3 Употребата на гориво е слободна.

7. УСЛОВ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ И ВОЗАЧИТЕ

7.1 Секое физичко или правно лице, кое поседува важечка натпреварувачка лиценца од МФМ за 2009 година ги исполнува условите за учество на натпреварот.

 

3

 

7.2 Натпреварувачите мора да поседуваат возачка дозвола и натпреварувачка лиценца за тековната година.

7.3 Натпреварувачи од странство мораат да имаат писмено одобрение за учество од страна на нивниот АСН кој ја издал лиценцата.

8. ПРИЈАВА И КОТИЗАЦИЈА

 

8.1 Целосно потполнета пријава треба да се пратат на адреса:

МК „Цобо спорт“

Ул. „Стрезово“ бр. 5

1000 Скопје

Факс: + 389 2 3083061

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Затворање на пријавите е на 20.03.2009 година во 16:00 часот.

8.2 Бројот на учесници по класа не е лимитиран.

8.3 По заклучување на пријавите не е можна промена на натпреварувач за пријавен мотоцикл.

8.4 Пријави за двоен старт (1 возач - 2 мотоцикли во различна класа) е дозволен. Пријави за двоен старт (1 мотоцикл - 2 натпреварувачи) не е дозволен.

8.5. Котизацијата во износ од 500 денари се плаќа на верификација.

8.6. Одјави се примаат во писмена форма на верификација, со образложение за неучество, заверена и потпишана од МК.

9. АЛКО И ДРОГА ТЕСТ

9.1 Алко тест, организаторот може да го спроведува по слободен избор во секој момент на траење на натпреварот.

9.2 Дрога тест, организаторот по слободен избор може да спроведе во секој момент од траење на натпреварот.

10. ОДГОВОРНОСТ

10.1 Секој учесник вози на своја лична одговорност.

Организаторот се оградува од секаква одговорност за посебни штети или повреди на натпреварувачот и трети лица.

Секој натпреварувач е одговорен за својата безбедност. Секој натпреварувач мора да е осигуран најмалку за случај на инвалидност со премија од 120.000,00 ден. или смрт со премија од 60.000,00 ден.

10.2 Во согласност со прописите организаторот мора да има осигурување;

- осигурување против трети лица

- осигурување на сите службени лица

10.3 Осигурувањето (на публика и службени лица) на организаторот важи за цело времетраење на натпреварот на 21 март, т.е. на службените

4

тренинзи, натпреварот и за време на движењето од бокс до патека и назад.

11. СТАРТНИ БРОЕВИ

11.1 Секој натпреварувач кој нема стартен број е должен сам да го обезбеди во димензии и боја по правилникот на МФМ. Мотоциклите со непрописни броеви нема да стартуваат на натпреварот.

11.2 По завршување на натпреварот, пред напуштање на Park Ferme или боксот, стартните броеви на мотоциклот кој вози во јавен сообраќај треба да бидат отстранети или покриени.

12. ЗНАМИЊА- СИГНАЛИ,ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ПАТЕКА

12.1 За време на тренинзите и натпреварот се употребуваат следните сигнали:

- Црвено знаме - моментално сопирање, прекин на трката

- Жолто знаме - апсолутна опасност, забрането претекнување

- Зелено знаме - отстранета претходна сигнализирана опасност

- Сино знаме - претекнување за цел круг

- Црно бело знаме - крај на трката

Знаме во мирување - известување за опасност

Знаме со движење - непосредна опасност, спремен за сопирање

 

12.2 Строго е забрането да се вози споро по патеката или во спротивна насока од насоката на натпреварот.

12.3 Доколку натпреварувачот мора да го прекине возењето поради механички дефект, мора да подигне лева рака за да го сигнализира откажувањето и својот мотоцикл да го помести од патеката и напушти при што ќе ги почитува упаствата на судиите и редарите.

13. ВЕРИФИКАЦИЈА

13.1 Верификација на документите на 21.03.2009 - местото ќе биде означено.

13.2 Натпреварувачите на верификација мора да се јават лично.

13.3 На верификација треба да се достават следните документи:

- натпреварувачка лиценца на возачот

- возачка дозвола (потврда од родител/старател заверена на нотар за лица помлади од 18 години)

- лекарско уверение

- полиса за осигурување

- странски натпреварувач мора да достави писмена дозвола за учество од матично АСН.

 

5

14. ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

14.1 Техничкиот преглед се одвива на обележано место на 21.03.2009 - местото ќе биде означено.

14.2 Натпреварувачите се должни да го донесат својот мотоцикл на технички преглед, за да се изврши идентификација на мотоциклот и преглед на опремата.

14.3 Учесниците кои ќе доцнат на технички преглед ќе бидат казнети или исклучени од натпреварот со одлука на жирито. Жирито ќе дозволи изведување на технички преглед само ако натпреварувачот докаже дека доцнењето настанало од причина на виша сила.

14.4 Извршениот технички преглед е потврда, дека натпреварувачот – мотоциклот ги исполнува предвидените прописи за сигурност.

14.5 По завршениот технички преглед од страна на организаторот се објавува и истакнува стартна листа на учесници, кои ќе настапат на тренингот.

15. БЕЗБЕДНОСНО ВОЗИЛО

15.1 На натпреварот се користи безбедносно возило (Safety car) во согласност со правилата за кружни натпревари.

16. СТАРТ, ЦЕЛ, МЕРЕЊЕ ВРЕМЕ

16.1 Стартот е од место со запален мотор, а се стартува по гасење на црвените светла на семафорот.

16.2 Целта е летечка. Натпреварот е завршен кога финишерот ќе даде знак со знаме (црно-бело знаме). Непосредно потоа возачот мора да ја намали брзината и по извозениот почесен круг да се упати во затворениот паркинг.

16.3 Мерењето на време го врши овластена хроно екипа.

17. ТРЕНИНГ

17.1 Строго е забрането тренирање со мотоциклот надвор од сатницата предвидена за тренинг.

17.2 Тренинзите ќе се одвиваат по сатница која е наведена во поглавјето 1 од овој Правилник.

17.3 На тренинзите ќе настапуваат само мотоцикли кои поминале на верификација и технички преглед.

17.4 За посебни приговори одлучува жирито.

17.5 Стартната листа на натпреварот ќе се утврди според подоброто време на секој натпреварувач од двата тренинга.

18. НАТПРЕВАР

18.1 Натпреварот почнува во согласност со сатницата од поглавје 1.

18.2 Број на кругови на натпреварот – 15

6

19. ПОМОШ

19.1 По неодобрена помош на патеката може да уследи исклучување.

19.2 Мотоцикли останати оштетени на патеката ќе се отстранат по налог на директорот на трката.

20. ЗАТВОРЕН ПАРКИНГ

20.1 На крајот од натпреварот важат правилата за затворен паркинг од целната линија до влезот во затворениот паркинг.

20.2 По завршување на натпреварот мораат сите пласирани мотоцикли да останат во затворен паркинг, додека директорот на трката со одобрение на жирито не го распушти затворениот паркинг. Затворениот паркинг нема да биде распуштен најмалку до истекување на времето за протести.

20.3 Затворениот паркинг ќе биде во кругот на патеката.

21. КОНЕЧЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

21.1 Секој мотоцикл на крајот од натпреварот може да биде прегледан од страна на верификацијата и техничкиот делегат.

21.2 На барање на жирито по основ на протест на моторцикл, ќе биде прегледан, вклучувајќи и негово расклопување.

21.3 Посебните прегледи ќе се вршат во просториите определени од страна на МФМ.

22. ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ

22.1 Вложување приговор се врши во рок од 30 минути по завршување на натпреварот.

22.2 Рок за приговори на видливи делови е 30 минути по завршување на техничкиот преглед.

22.3 Приговорот мора да биде во писмена форма, оверен и потпишан од овластено лице на МК, како и потпишан од страна на натпреварувачот што го вложува приговорот.

22.4 Приговори и паричен депозит се доставуваат до директорот на натпреварот. Депозитот го одредува техничкиот делегат по основ на вложен протест и ценовникот на техничката комисија.

22.4 Колективни приговори на комплетен мотоцикл, како и приговор на мерење на времето и на одлуките на судиите нема да се примаат.

22.5 Право на присуство на отварањето имаат натпреварувачот, вложувачот на приговор и негов претставник кој има писмено овластување од МК.

22.6 На одлуки на жирито можно е да се достави жалба во согласност со правилникот на МФМ.

7

23. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

23.1 Признанија добиваат првите тројца пласирани натпреварувачи по класи.

23.2 За свеченото доделување на пехарите, должност на секој возач е да биде лично присутен.

23.3 Свеченото доделување на признанијата ќе се изврши по крајот на натпреварот, на посебно предвиден простор.

Овој Правилник е усвоен и одобрен на ден 25.02.2009 година од страна на стручната комисија на МФМ, која има право на негово толкување. Мотоциклистичка Федерација на Македонија

Мото Клуб „Цобо спорт“

 

 

Анкета

Омилен Мотор
 

Најавете се..




Покренато од Acvilla Corp. | web design | hosting solutions