Статут PDF Печати Е-пошта

Врз

основа на одредбите од член 2, 5, 14, 20 и 24 ст. 2 и 3 од Законот за

здруженијата на граѓани и фондациите (Сл. весник на РМ бр. 31/98 и

29/07) и одредбите од член 14 од Законот за спортот (Сл. весник на РМ

бр. 29/02 и 66/04), и член 11 од Одлуката за измени и дополнувања на

Статут на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Собранието на

Мотоциклистичката федерација на Македонија одржано на 25.01. 2008

година, го донесе следниот

            СТАТУТ на Мотоциклистичката федерација на Македонија

 

1.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Соовој Статут се основа Мотоциклистичката федерација на Македонија како

единствена национална спортска федерација во мотоциклизмот во Република

Македонија и се регулираат правата, обврските и одговорностите на

спортските клубови - нејзини членови.

Со овој Статут се утврдуваат и целите и задачите; облиците и

начинот на дејствување; органите, начинот на нивниот избор и

отповикување; траење на мандатот на органите и начинот на претставување

и одлучување на членовите; стекнување и располагање со имот;

остварување на јавноста во работата; условите за основање организациони

единици; условите на пристапување и исклучување од федерацијата;

здружување со други федерации и зачленување во меѓународни асоцијации;

престанок на федерацијата; постапување со имотот во случај на престанок

на федерацијата, како и други прашања утврдени со закон

Спортските клубови од Република Македонија регистрирани за вршење на

дејноста мото-спорт и кои имаат решенија за вршење на дејноста спорт

издадено од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, заради

поттикнување и унапредување на мотоциклизмот; реализирање на утврдената

програма за развој на мотоциклизмот; усогласување и координирање на

своите програмските активности; организирање и спроведување на систем

на натпревари; унапредување на својата стручна работа, како и

остварување на своите организавиони и други потреби, се здружуваат во

Мотоциклистичка федерација на Македонија (во натамошниот текст: МФМ).

            МФМ  е член на Меѓународната мотоциклистичка  федерација FIM - Federation internationale de motosport  .

МФМ е непрофитно здружение која дејствува на територијата на Република Македонија.

Седиштето на МФМ е во Скопје,  бул. АВНОЈ бр. 58/1-2.

           

            За сите обврски МФМ одговара со сите свои средства

            Полно име на здружението е: Мотоциклистичка федерација на МакедонијаСкратено име на здружението е: МФМ

Во меѓународниот правен промет МФМ, покрај името на македонски јазик,

може да користи име и на англиски јазик: Motorcycle Federation of

Macedonia, со скратено име на англиски јазик е: MFMKD.

 

Член 6

           

           

                        МФМ има знаме, амблем и лого Амблем

на МФМ е: Стилизиран штит обрабен со тенка црна линија и дебела жолта

трака, поставен врз знамето на Република Македонија; во средината е

мотоциклистичко тркало со птичји крилја кои со краевите излегуваат од

штитот; во подножјето на крилестото тркало се знамиња за означување на

целта на трките, кои исто така со своите краеви излегуваат од штитот.

Знаме на МФМ е: Стилизиран штит обрабен со тенка црна линија и

дебела жолта трака, поставен врз знамето на Република Македонија; во

средината е мотоциклистичко тркало со птичји крилја кои со краевите

излегуваат од штитот; во подножјето на крилестото тркало се знамиња за

означување на целта на трките, кои исто така со своите краеви

излегуваат од штитот; сето тоа е поставено врз црвена основа;

димензиите се во однос 2 : 1.

Лого на МФМ е: Стилизиран штит обрабен со тенка црна линија и

дебела жолта трака, поставен врз знамето на Република Македонија; во

средината е мотоциклистичко тркало со птичји крилја кои со краевите

излегуваат од штитот; во подножјето на крилестото тркало се знамиња за

означување на целта на трките, кои исто така со своите краеви

излегуваат од штитот

МФМ има печат и штембил

Печатот на МФМ има тркалезна форма со пречник 20 и 30 мм, со амблем на

МФМ во средината, а по надворешниот раб е напишано Мотоциклистичка

федерација на Македонија - Скопје.

Штембилот на МФМ има правоаголна форма, на чија средина во горниот

дел се наоѓа амблемот на МФМ, а под него зборовите "Мотоциклистичка

федерација на Македонија", на долниот дел на штембилот е напишана

ознака со број, ден, месец, година, а во последниот ред "Скопје".

 

Член 8

                                   

Секој спортски клуб - член на МФМ е должен да ги користи обележјата на

МФМ во случај кога се претставува јавно или организира акции и

активности што се од значење на МФМ.

 

2. ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА МФМ

 

Член 9

                                   

Основните цели на МФМ се следење и развивање на потребите на своите

членови со поттикнување и унапредување на мотоциклизмот, реализирање на

утврдената програма за развој на мотоциклизмот, усогласување и

координирање на програмските активности на спортстките клубови -

нејзини членови, организирање и спроведување на систем на натпревари,

организирање и спроведување на меѓународни натпревари, учество на

маеѓународни натпревари и унапредување на стручната работа во

спортските клубови - нејзини членови.

                        Во реализација на основните цели и задачи од претходниот став МФМ:

                       

                        -           Ја утврдува политиката и делува на унапредување и масовност на мотоциклизмот во Република Македонија.;

                        -           Организира и спроведува натпревари за мотоциклизам со возила со две и со три тркала во Република Македонија;

- Го усогласува календарот за натпревари во мотоциклизам, ги одредува

условите и ги утврдува организаторите за организација на истите на

територија на Република Македонија;

-           Ги застапува интересите на македонскиот мотоциклизам во меѓународните асоцијации;

-           Се грижи за врвни спортисти;

- Делува на унапредување на умствено-истражувачката и конструкторска

работа во мото-спортот, како и во развојот на техничката и

сообраќајната култура на членовите;

- Делува на унапредување на стручната работа, преку оспособување

стручни лица (судии, тренери, инструктори и др.) во мотоциклизмот;

- Се грижи и поддржува изградба, одржување и користење на спортски

објекти значајни за мотоциклизмот, посебно за објекти од пошироко

значење;

- Учествува во подготовки и остварувања на меѓународни спортски

приредби и натпревари во мотоциклизам, кои се од интерес и значење за

Република Македонија;

-           Поднесува иницијативи за донесување на нови или измени и дополнувања на постојните законски и подзаконски акти;

-           Се грижи за заштита на околината и се бори против зависници;

-           Остварува и други цели и задачи утврдени со закон и со овој статут.

Врз основа на утврдената политика за развој на спортот во Република

Македонија, МФМ ги координира и усогласува програмските активности на

спортските клубови - нејзини членови во согласност со Законот за

спортот и во интерес на Република Македонија.

                        3.ЧЛЕНСТВО

                        Член 10

                       

Член на МФМ може да биде секој спортски клуб регистриран за вршење на

дејноста спорт и кој има решение за вршење на дејноста спорт издадено

од Агенцијата за млади и спорт на РМ во согласност со Законот за

спортот, кој ги прифаќа и спроведува целите на МФМ и редовно ја

подмирува членарината.

                                    Член 11

                       

                        Членовите на МФМ со уплата на годишната членарина добиваат годишна лиценца на МФМ.

Висината на членарината ја утврдува Управниот одбор на МФМ со своја одлука.

Со  лиценцата се докажува членството во МФМ.

Формата, содржината како и органот кој ја издава лиценцата ги утврдува Управниот одбор на МФМ.

 

                       

                                    Член 12

                                               

                                    Права и обврски на членовите се:

                                    -           Да ги користат членските права и поволности;

-           Да предлагаат, избираат и се бирани во телата на МФМ;

-           Да бидат известувани за работата, да даваат предлози, мислења, приговори и забелешки за работата на МФМ и органите на МФМ;

-           Да ги почитуваат статутот, другите акти, правилата и дисциплината на МФМ;

-           Редовно да плаќаат членарина;

-           Да го подигаат и да го чуваат угледот на МФМ;

-           Да се воздржуваат од надворешни влијанија кон МФМ;

-           Да придонесуваат во развојот на мотоциклизмот во Република Македонија.

 

                                   

                                                Член 13

                                               

                                                За зачленување во МФМ членовите поднесуваат писмено барање, кон кое приложуваат:

                                                -           Статут;

-           Решение за регистрација во Централниот регистар;

-           Решение за вршење дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт, во согласност со Законот за спортот;

-           Доказ за платена членарина;

-           Доказ за членовите на органите на спортскиот клуб;

-           Доказ за овластени лица за членови на Собранието на МФМ и за потпишување на акти, и

-           Матичен број и број на жиро-сметка.

 

                                               

                                                            Член 14

                                               

Членовите на МФМ плаќаат еднократна уписнина при пристапување во МФМ и

редовна годишна членарина чиј износ и рок на плаќање го одредува

управниот одбор на МФМ.

Изгледот и димензиите на членскиот документ, како и начинот на

издавање на членскиот документ, како и изгледот на образецот на

исписницата ги пропишува Управниот одбор на МФМ.

Член 15

                                                                                   

                                                                        Во МФМ може да се примаат и почесни членови.

Почесен член на МФМ може да биде физичко и правно лице кое има посебни заслуги за развојот на мотоциклизмот и за МФМ.

Почесен член на МФМ е највисоко јавно признание на МФМ.

Одлука за почесен член донесува Управниот одбор, која ја потврдува Собранието на МФМ.

 

                                                                       

                                                                                    Член 16

                                                                                   

                                                                                    Членството во МФМ престанува :

                                                                                    -           Со неплаќање чланарина најдоцна до 01.03. во тековната година за истата;

- Со исклучување од членството кога се нарушени статутарните норми и

кога членовите со свите постапки нанесуваат штета на угледот или на

друг начин ги нарушуваат интересите на МФМ;

-           Со престанок на работа на спортскиот клуб - член на МФМ и бришење од регистарот.

                                                                                    Одлука за исклучување од членството донесува Управниот одбор на МФМ.

Против одлуката за исклучување може да се поднесе жалба до Собранието на МФМ чија одлука е конечна.

 

 

                                                                                   

4. ОРГАНИЗАЦИЈА

                                                                                                Член 17

                                                                                               

Спортските клубови регистриран за вршење на дејноста мото-спорт и кои

имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенцијата за

млади и спорт на РМ во согласност со Законот за спортот се темелни

организациони единици за занимавање со мотоциклизам на територијата на

Република Македонија.

                                                            Член 18

                                                                                               

МФМ води официјална евиденција на спортските клубови - нејзини членови

која содржи: име на клубот, статут, неговото седиште, матичниот број,

број на жиро сметка, подрачја на дејствување, лица овластени за

претставување на клубот и други неопходни податоци.

                                                                                                            Член 19

                                                                                               

МФМ води официјална евиденција на лиценцирани возачи од меѓуклупски,

национален и меѓународен ранг кои се темелат на посебни спортски

правила кои ги утврдуваат посебните стручни комисии на управниот одбор.

 

                                                                                                Член 20

                                                                                               

МФМ води официјална евиденција на стручни лица: лиценцирани тренери во

мотоциклизмот, спортски лекари ангажирани од МФМ, лиценцирани судии во

мотоциклизам од меѓуклупски, национален и специјалистички ранг, во

согласност со меѓународните правила, законите и подзаконските акти на

Република Македонија, актите на Агенцијата за млади и спорт и со

посебните спортски правилници кои ги утврдуваат стручните комисии на

Управниот одбор на МФМ.

5. ОРГАНИ НА МФМ

Член 21

 

Органи на МФМ се:

1. Собрание;

2. Претседател;

3. Управен одбор;

4. Надзорен одбор и

5. Генерален секретар.

Работата на органите и на МФМ во целина е јавна.

Јавноста во работата може да се исклучи само за прашања кои можат да нанесат штета на МФМ или на негов член.

Јавноста се остварува со давања извештаи од работата на МФМ на членовите и со соопштенија за медиумите.

 

                                                                                                Член 22

 

За работата на Собранието, Управниот одбор и Надзорниот одбор, како и

на останатите тела на МФМ е потребно повеќе од една половина од

членовите.

Одлуките се полноважни ако се донесени со повеќе од една половина гласови од вкупниот број членови.

Сите тела на МФМ донесуваат деловник за работа.

 

                                                                                                5.1. СОБРАНИЕ НА МФМ

Член 23

 

Собранието е највисок орган на управување на МФМ.

Собранието го сочинуваат по еден овластен претставник на секој спортски клуб - член на МФМ.

Мандатот на членовите на Собранието трае 4 (четири) години.

Членот на Собранието кој не ги извршува своите должности утврдени со

овој Статут или со други акти и одлуки на органите на МФМ, може да биде

исклучен од член на Собранието и на негово место истиот спортски клуб -

член на МФМ е должен да определи негова замена.

 

Член 24

 

Седници на собранието на МФМ свикува претседателот на МФМ.

Седница на Собранието на МФМ се свикува и по предлог на:

- Управниот одбор на МФМ и

- 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.Ако

претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот

предлог не свика седница, седницата ја свикува Управниот одбор или

иницијаторите.

Ако седницата на Собранието се свика според одредбите од

претходниот став на овој член, предлагачите се должни да го предложат

дневниот ред за седницата, како и да го изготват и приложат потребниот

материјал.

Член 25

 

Собранието на МФМ:

- Го донесува статутот, неговите измени и дополненија, статутарните   

  одлуки и дава мислење за нив;

- Донесува план за развој и годишна програма за работа;

- Донесува финансиски план и ги прифаќа финансиските извештаи;

- Го избира и разрешува претседателот на МФМ;

- Ги избира и разрешува претседателот и членовите на Управниот одбор;

- Ги избира и разрешува членовите на Надзорниот одбор;

- Го разгледува извештајот од работењето на МФМ;

- Го разгледува извештајот од работењето на Управниот одбор;

- Ги утврдува мерките за масовност;

- Донесува одлуки за оттуѓување на недвижностите;

- Го верифицира мандатот на членовите на собранието;

- Ја утврдува политиката за соработка со меѓународните асоцијации и   

  странските клубови;

- Донесува одлука за евентуално претстанување со работа  на МФМ;

- Одлучува по други прашања утврдени со овој статут.

 

5.2. УПРАВЕН ОДБОР

Член 26

 

Управниот одбор е извршен орган на Собранието кое помеѓу седниците на собранието управува со МФМ.

Управниот одбор е составен од Претседателот на собранието кој воедно е

и претседател на ММФ и 6 члена од кои најмалку тројца мораат да бидат

високо стручни лица или лица со признато искуство за мото спорт во

земјата и во странство.

За претседател, членови на Управниот одбор и членови на Надзорниот

одбор, можат да бидат бирани угледни бизнисмени од познати фирми,

истакнати јавни работници и проверени стручњаци од областа на

мото-спортот.

 

Активни возачи не можат да бидат  членови на органите на управување, освен активните претставници на мото-турингот.

Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 (четири) години и можат повторно да бидат бирани.

           

Член 27

Управниот Одбор работи и донесува одлуки на

седниците кои се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш квартално, а ги

свикува претседателот во соработка со генералниот секретар.

            Одлуките на Управниот одбор се полноважни ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број членови на Управниот одбор.

 

            Член 28

 

            Управниот одбор:

            - Утврдува предлог на финансискиот план и финансиски извештај на МФМ;

- Донесува ребаланс на финансискиот  план;

- Донесува годишен план за работа на МФМ;

- Во согласност со Закон и овој Статут донесува општи акти и го следи   

   нивното спроведување;

- Донесува одлуки за доделувања на јавни признанија и награди;

- Донесува одлуки  за стекнување и оттуѓување на подвижен имот;

- Донесува одлуки за инвестиции и набавка на основни средства;

- Донесува одлуки за склучување на договори и други обврски со

  меѓународни асоцијации и странски клубови;

- На предлог на комисиите, ги донесува сите правилници за натпревари

  и за работа на МФМ  и на членовите во сите области на дејствување;

- Одлучува по жалби;

- Одлучува за промена на седиштето на МФМ;

- Донесува правилник за деловна тајна;

- Донесува одлука за спроведување на годишен попис и усвојување на   

   извештајот на пописната комисија.

- Обезбедува извршување на планот за работа;

- Обезбедува извори на финансирање;

- Обезбедува извршување на програмата од меѓународна соработка;

- Го именува и разрешува Генералниот секретар;

- Ги именува и разрешува членовите на комисиите;

- Ги именува и разрешува претставниците на МФМ во државните и

  меѓународните спортски здруженија и нивните органи.Управниот

Одбор одлучува и по други прашања утврдени со овој Статут и врши и

други работи во управувањето со МФМ, кои не се во надлежност на

Собранието и неговите тела.

 

5.2.1. Постојани спортски комисии

            Член 29

 

            Управниот Одбор ги избира следните постојани (спортски) стручни комисии:

- Комисија за мото-крос;

- Комисија за брзински мото натпревари;

- Комисија за мото-туринг, и

- Техничка комисија.

Комисиите за мото-крос, мото-рејсинг и техничката комисија се составени

од спортски дирекотор и 4 (четири) члена кои ги избира Управниот одбор

со мандат од 4 (четири) години и можат повторно да бидат избрани.

 Комисијата за мото-туринг е составена од спортски директор и 8

(осум) члена кои ги избира Управниот одбор со мандат од 4 (четири)

години и можат повторно да бидат избрани.

 

            Член 30

 

            Управниот Одбор може да формира и општи комисии за дејности сврзани за работа и функционирањето на МФМ.

           

            5.3. НАДЗОРЕН ОДБОР

            Член 31

Надзорниот одбор се состои од три члена кои ги

избира Собранието од редовите на членовите на Собранието чиј мандат

трае 4 (четири) години.

За член на Надзорниот одбор не може да биде избран член на други органи на МФМ.

 

            Член 32

 

            Надзорниот одбор работи на седници кои по потреба ги свикува претседателот на Надзорниот одбор.

           

                        Член 33

 

            Надзорниот одбор:

- Го контролира правилното спроведување на Статутот и општите акти на 

  МФМ;

- Спроведува финансиска контрола во работата на органите на МФМ;

- На Собранието му поднесува годишен извештај за финансиската

  контрола на целокупното работење на МФМ;

- Го контролира годишниот попис на средствата на МФМ;

- За согледаните неправилности благовремено го известува  

  Собранието и органите кај кои е согледана неправилност.

 

            5.4. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МФМ

            Член 34

 

            Претседателот на МФМ го избира Собранието.

Претседател на МФМ по функција е и претседател на Управниот Одбор.

Претседателот се избира со мандат од 4 (четири) години и може повторно да биде биран.Во

случај на отсутност или спреченост на претседателот, неговата работа ја

извршува заменик претседателот кого го именува Управниот Одбор.

 

            Член 35

 

            Претседателот на МФМ:

- Ја претставува и застапува МФМ;

- Се грижи за подготвување на седниците на Собранието и Управниот

  обор, во соработка со генералниот секретар;

- Потпишува договори, одлуки, општи акти и други акти кои ги донесува

  Собранието и Управниот Одбор;

- Во договор со Генералниот секретар, донесува одлуки за службени

патувања во странство, а кога патува тој во странство, му поднесува  

извештај за патувањето на Управниот одбор;<r>

- Извршува и други работи кои не се во исклучива надлежност на

        Собранието или на Управниот Одбор, а се однесуваат на постигнување 

        статутарни цели во МФМ.

</r>

                        5.5. ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

Член 36

           

            МФМ има генерален секретар, кој ги извршува одлуките на органите на  ММФ.За

генерален секретар може да биде именувано лице од редовите на членовите

или да биде избран со јавен конкурс, со соодветна стручност и искуство.

Генералниот секретар се именува за време од 4 (четири) години и

може повторно да биде именуван.

Управниот Одбор може да го разреши генералниот секретар и пред истекот

на мандатот, ако утврди дека не ги извршува задачите утврдени со овој

Статут и другите општи акти.

 

            Член 37

 

            Генералниот секретар:

- Ја застапува МФМ;

- Ги спроведува одлуките, заклучоците и другите акти на Собранието, 

  Управниот Одбор и Надзорниот одбор;

- Предлага и одговорен е за спроведување на програмата и планот за

  развој кој го донесува Собранието и Управниот Одбор;

- Ја координира работата со специјализираните и општите комисии;

- Го организира информирањето за работата на МФМ и нејзините тела;

- Одговорен е за подготовка на седниците на Собранието, Управниот

  Одбор и Надзорниот одбор;

- На Управниот Одбор му предлага донесување на општи акти со кои се 

  уредува внатрешната организација на работа и работните задачи, 

  работни односи, дисциплинска и материјална одговорност, обезбедување 

  и распоредување на средства за плати и други прашања кои се однесуваат 

  на работата и работните задачи;

- Наредбодавач е за извршување на финансискиот план и користење на

  средства во рамки на неговите овластувања;

- Одговорен е за законитоста во работата на МФМ;

- Извршува и други работи утврдени со овој Статут и другите акти.

 

                        6. СТРУЧНИ РАБОТИ

Член 38

Стручните, развојните, материјално-финансиските и

административно-техничките работи ги извршуваат работници во работен

однос во МФМ, како и волонтерски спортски работници.

Организацијата и начинот на извршување на работите и задачите,

како и потребен број на работници, ќе се утврди со општите акти на МФМ,

кои на предлог на генералниот секретар, ги донесува Управниот Одбор.

 

            7. БАВЕЊЕ СО ДРУГИ ДЕЈНОСТИ

Член 39

Поради остварување на одредени цели и задачи,

задоволувајќи ги интересите и потребите на членовите, ММФ може

непосредно да обавува дејности кои се во согласност со законот и

другите прописи, а особено:

- Прибирање средства од економска пропаганда;

- Издавање весници, брошури, книги, тестови и обрасци, пропаганден

   материјал и сл;

- Издавање и продажба на сувенири и галантериска стока, и

- Други работи во согласност со Закон и овој Статут.

 

            8. ИМОТ, СРЕДСТВА И РАБОТА

Член 40

 

            Имотот на МФМ го сочинуваат подвижни и недвижни ствари, имотните права и парични средства.

Имотот на МФМ служи и се користи за постигнување  и остварување на неговите цели и задачи утврдени со овој Статут.

Со имотот на МФМ управуваат органите утврдени со овој Статут.

 

            Член 41

 

            Средствата кои се користат за постигнување и остварување на своите цели и задачи, МФМ ги стекнува од :

- Приходи од членарини;

- Спонзорства, дотации, донации, прилози и подароци;

- Приходи од спортска дејност;

- Пресметани средства за спорт на Република Македонија;

- Приходи остварени од други дејности;

- Приходи од имот;

- Други приходи во согласност со законот и други прописи.

 

            Член 42

МФМ својата дејност ја обавува во согласност со

Законот за здруженијата на граѓаните и фондациите, Законот за спортот и

овој Статут, поради што е и основана.

            Член 43

 

            МФМ финансиско работење во целост го усогласува со важечките прописи за финансиско работење.

Финансиското работење се организира така што особено се води грижа за

економичност во работењето, штедење и намалување на материјалните

трошоци.

Финансиското работење и евиденцијата се уредуваат со општите акти.

 

            9. СЛУЖБЕНА ТАЈНА

            Член 44

Службена тајна на МФМ ја сочинуваат документи и

податоци чие издавање на неовластено лице би било спротивно на

работењето на МФМ и би штетело на интересите и угледот на МФМ.

Управниот Одбор и генералниот секретар одредува кои документи и

податоци се службена тајна, како и останати прашања во врска со

службена тајна.

За службена тајна се сметаат податоци кои надлежниот орган како доверливи ги доставува до здружението.

Службената тајна се должни да ја чуваат сите членови и вработени во МФМ

кои на било каков начин ќе дознаат за документи или податоци кои се

утврдени како службена тајна.

Обврската за чување на службената тајна останува и после престанок на

членството во здружението, односно после престанок на работниот однос

на вработениот во здружението во рок кој е утврден со одлука на

надлежниот орган на МФМ.

Повреда на одредбите на овој Статут кои се однесуваат на службена тајна

претставува причина за исклучување од членството на здружението, додека

за вработените се смета за тешка повреда на работната должност.

 

            10. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

            Член 45

МФМ може да дава награди и признанија на поединци и

организации заслужни за постигнување и остварување на нејзините цели и

задачи.

            11. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

            Член 46

Сите акти на МФМ ќе се изработат во согласност со

одредбите на овој Статут во рок од 30 дена од денот на неговото

влегување во сила.

            Член 47

МФМ престанува со работа доколку таква одлука донесе

3/4 од вкупниот број на членови на Собранието, на начин предвиден во

Законот за здруженијата на граѓани и фондациите.

Во случај да престане со работа, средствата на ММФ преминуваат во

сопственост на здружението кое ќе продолжи со организирано дејствување

на мотоциклизмот во Република Македонија, а ако такво не се основа,

средствата на ММФ преминуваат во сопственост на Агенцијата за млади и

спорт, односно на Република Македонија.

 

                        Член 48

 

            Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување, а ќе се применува со денот на упис во Централниот регистар.

           

           

           

            Скопје, 25.01.2008 год.

           

            Претседавач со Собранието на Мотоциклистичката федерација на Македонија м-р Дејан Силјановски

 

 

Анкета

Омилен Мотор
 

Најавете се..




Покренато од Acvilla Corp. | web design | hosting solutions