Известување!!!
Семинар и полагање за функционерска лиценца
Почитувани,
Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) организира семинар и полагање за функционерска лиценца, за сите заинтересирани функционери од мото клубовите членови на МФМ.
Семинарот ќе се одржи на 1 и 2 јули 2009 година во просториите на МФМ на ул. Стрезово бр. 5 во Скопје од 18:00 часот.
Полагањето ќе се одржи на 2 јули 2009 година (четврток) во просториите на МФМ на ул. Стрезово бр. 5 во Скопје од 20:00 часот. Котизацијата за полагање изнесува 1.000 денари и ќе се уплатува на жиро сметка на МФМ.
Спортски поздрави,
Зоран Наумовски – Кизо
Генерален секретар на МФМ
Известување!!!
Почитувани,
Со особено задоволство Ве информираме дека Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) е примена за полноправен член на Светската мотоциклистичка федерација (FIM) со што мотоциклистичкиот спорт во Република Македонија станува член на големото светско мотоциклистичко семејство. Посебно сакаме да го истакнеме тоа дека нашата федерација е примена со нејзиното статутарно име, Мотоциклистичка федерација на Македонија, што значи дека кон името на федерацијата е полното име на нашата земја, без никакви префикси, суфикси или други преименувања.
Со информацијата за прием, извршниот директор на FIM, Г-дин Guy Maitre не информира дека сме поканети наши делегати да учествуваат и полноправно да одлучуваат на Конгресот на FIM што ќе се одржи во октомври 2009 година во Женева. Со тоа успешно се заокружуваат интензивните активности на кои беше сконцентрирана МФМ од нејзиното основање во ноември 2007 година.
Известување!!!
Поради технички проблеми првата трка од Државниоот Шампионат во брзиски мотоциклизам што се одржува во Кичево е одложена. Трката е презакажана за 21.06.2009
Пријавување за учество е најдоцна до петок 19.06.2009 во МК Цобо спорт, Федерацијата или на лице место во Кичево.
Котизацијата изнесува 1.500 денари.
Задолжителана е тркачка опрема за учество.
Се вози во три класи: 125, 600 и 1000.
Известување!!!
Првата трка од Државниот Шампионат во брзински трки на кружни патеки ке се одржи во Кичево на 14.06.2009. Технички организатор е Цобо спорт.
Трките ќе бидат во три класи: до 125, до 600 и до 1000.
За класите 600 и 1000 ќе има награди а за класата до 125, медали.
Пријавување за учество треба да се изврши во сабота 13.06.2009 пред тренингот со уплата од 1500 денари за котизација.
Известување!!!
II трка од Државното првенство во мотокросМК „ВАРДАР“, во согласност со Календарот на МФМ и Правилникот за мотокрос, закажува трка во класите MX 85, MX 2 , MX 1 open и екипно. Трката ќе се одржи на мотокрос полигонот Орман на 17 мај во 12 часот.
Трката е и меѓународна за „Награда Скопје“.
Програмата за трката е еднодневна:
- 09:30-10:00 технички преглед и верификација
- 10:05-10:15 прва седница на жири
- 10:15-10:35 службен тренинг 80 (задолжителни 3 круга)
- 10:40-11:10 службен тренинг 125+250 (задолжителни 3 круга)
- 11:15 втора седница на жири
- 11:45 свеченост „Награда Скопје“ и отворање на трката
- 12:15 прва трка 80 (12 минути плус 2 круга)
- 12:40 прва трка 125+250 (20 минути плус 2 круга)
- 13:20 втора трка 80
- 13:45 втора трка 125+250
- 14:20 прогласување на победници
- 14:30 трета седница на жири
Известување!!!
1 Мајска трка 2009 Радовиш
11:00 – 12:00 тренинг возење по гимканата
12:00 почеток на натпреварот
Награда за прво место во сите 6 класи изнесува 50 евра.
Ноќевањето во манастирот е бесплатно, хотел Бахамас 800 денари, хотел Панорама 300 денари.
Известување!!!
Првата трка од Државниот Шампионат во мотокрос ќе се одржи на патеката Забел, Старо Нагоричане на 03.05.2009 Недела
Известување: Семинар и полагање за функционерска лиценца
Почитувани,
Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) организира семинар и полагање за функционерска лиценца во дисциплините мотокрос и брзински мотоциклизам, за сите заинтересирани функционери од мото клубовите членови на МФМ.
Семинарот ќе се одржи на 16 април 2009 година (четврток) во просториите на МФМ на ул. Стрезово бр. 5 во Скопје од 17 до 19 часот.
Полагањето ќе се одржи на 18 април 2009 година (сабота) во просториите на МФМ на ул. Стрезово бр. 5 во Скопје од 11 часот. Котизацијата за полагање изнесува 1.000 денари.
Во текот на април и мај 2009 година МФМ ќе организира семинари и полагањ и во други градови од Македонија за што дополнително ќе бидете известени.
Спортски поздрави,
Зоран Наумовски – Кизо
Генерален секретар на МФМ
Известување!!!
Втората трка од Државниот Шампионат со скутери ќе се одржи на 03.05.2009 недела во Волково. Технички органиозатор е Цобо спорт.
Трката ќе биде во две класи:
I класа - до 80 ccm
II Класа- до 150ccm
02.05. Сабота
Слободен тренинг цел ден
03.05. Недела
10:00 до 11:00 Технички преглед
11:00 до 12:00 Квалификации
13:00 Трка
Право на учество имаат возачите кои ќе уплатат 500 денари за учество и 200 денари за осигурување.
За победниците се обезбедени вредни награди.
Известување!!!
Трката со скутери што требаше да се одржи на 21.03.2009 е одложена за две недели и ќе биде одржана на 04.04.2009 сабота
Известување!!!
На 14 и 15 Март 2009 година ќе се одржи втората трка од Источно Европскиот Шампионат во мотокрос. Трката ќе се одржи на патеката Милци, Гевгелија.
Name of the event:
EASTERN EUROPE OPEN MX CHAMPIONSHIP
Classes:
MX65, MX85, MX2, MX2 Junior, MX1, MX3 & MX ATV
Date:
14 – 15.03.2009
Organizing FMN:
MFMKD
Place of event:
Gevgelija, MacedoniaИзвестување!!!
На 21 Март 2009 година ќе се одржи првата трка со скутери во Волково на картинг патеката. Технички организатор на трката е Цобо спорт.
Известување!!!
МФМ објавува конкурс за технички организатори на трки од шампионатите во следните категории:
-брзински мотоциклизам
-мотокрос
-ендуро
Заден рок за пријавување е до 28.02.2009
За пријавувањето за организатор на скутеријадата ќе бидете накнадно известени.
Преоден рок за возачите од клуб во клуб и издавање на натпреварувачки лиценци е до 15.02.2009
Најава
5 трка од шампионатот во мотокрос ќе се одржи на мотокрос полигонот Гевгелија, 02. 11. 2008 во 12 часот.
Трката е и меѓународна за награда “МФМ годишнина“.
Технички организатор е МК „Спортинг“.
Државно првенство во мотокрос IV трка Орман, 12. 10. 2008МК „ВАРДАР“, во согласност со Календарот на МФМ и Правилникот за мотокрос, закажува трка во класите 80, 125, 250 и екипно.
Трката ќе се одржи на мотокрос полигонот Орман на 12 октомври во 12 часот.
Трката е и меѓународна за „Награда 30 години Вардар“.
Известување!!!
Во организација на МФМ и Цобо спорт како технички организатор ќе се одржи третата ФИНАЛНА трка од шампиoнатот во брзински мото трки на кружни патеки во Кичево на 21.09.2008.
Сабота 20.09.2008
11:30 тренинг прв дел
12:00 тренинг втор дел
Недела 21.09.2008
11:30 почеток на трката
Меѓународно мото рели „МАКЕДОНИЈА 2008“.
Под покровителство на Агенцијата за млади и спорт (АМС), а во
организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), по
повод денот на независноста на Република Македонија, од 6 до 8
септември се одржa 17-тото традиционалното меѓународно мото рели
„МАКЕДОНИЈА 2008“.
Стартот на релито беше од Плоштадот Македонија во Скопје, каде
присутните ги поздравија од името на организаторот Генералниот секретар
на МФМ г-дин Зоран Наумовски – Кизо и Спортскиот директор г-дин Ѓорѓи
Несторов – Зрно, потоа безбеден пат им посака Претседателот на
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата г-дин
Никола Ангеловски, а манифестацијата за отворена ја прогласи
Диртекторот на АМС г-дин Драган Ѓурчевски.
После целодневната рута во должина од 360 километри низ Источна
Македонија мотоциклистите преноќиа крај Дојранското Езеро. Вториот ден
од релито по стартот во Дојран колоната се упати на пат долг 345
километри кон Охрид. Учесниците беа пречекани од рицари, а вечерните
часови во Охрид беа пополнети со голема забава и културно уметничка
програма,Во програмата е предвидено после 240 километри мотоциклистите
да се вратат на почетната точка, односно во Скопје поминувајќи крај
уште една македонска природна убавина – Мавровското Езеро каде што беа
доделени награди и признанија на учесниците (најбројни екипи од
странство и Македонија, најстар и најмлад учесник, најатрактивен и
најстар мотоцикл, странец со најголема километража и за фер-плеј).
На мото релито долго 945 километри учествуваа повеќе од 450 вљубеници
на моторите од Русија, Украина, Бугарија, Грција, Албанија, Србија,
Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија, Австрија, Франција
и Македонија, со што ова рели имаше најмногу учесници од странство.
Фотографии од настанот
овде.
Известување!!!

Меѓународното мото рели “МАКЕДОНИЈА 2008”, по повод независноста на Република Македонија, е во
организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија.
Релито трае три дена од 06 до 08.09.2008 со почеток 10:00 од плоштадот во Скопје.
Маршутата и посебниот правилник ќе бидат објавени наскоро.
Пријавите и уплатата од 1000 денари по учесник ќе се собираат во просториите на МФМ. Во цената се вклучени 2 ноќевања, храна и забава.
EnglishInternational moto rally “MACEDONIA 2008” is organized by the Motorcycle federation of Macedonia for the national holyday “Independents of RM”.
The rally will last 3 days from 06 to 08 September 2008 starting from Skopje square at 10:00.
The route and the Special Regulations will be posted on the site soon.
Application forms and the fare ( 16 euro ) per participant should be submitted in the office of MFM. Accommodation for 2 nights, food and entertainment is included in the price.

2 трка од Македонскиот Шампионат во мотокрос, Рибник - Штип
Фотографии од настанот
тука.
Национален шампионат

Викендов на автодромот во Кичево се одржа првата трка од националниот шампионат на Македонија во моторциклизам на кружни патеки за
сезоната 2008.
Мотоциклистицката федерација на Македонија вложи многу напори да се одржи трката во најдобар ред.
Нашите најдобри возачи во брзински мотоциклизам Слободан Ивцевски и Сашо Николов ги оправдаа очекувањата и победија во своите класи.
Следниот натпревар е на истата патека 31.08.2008 во Кичево.
Фотографии од настанот
тука.
Известување!!!
МФМ се извинува поради досегашните одложувања, но после сите потешкотии конечно започнува сезоната на брзински мото трки.
Првата трка од Брзинскиот Мото Шампионат е на 06.07.2008 во Кичево.
Втората трка од Шампионатот во Мотокрос ќе се одржи на 29.06.2008 во Штип.
Известување!!!
До сите клубови членки на МФМ, согласно со насоките на Агенцијата за млади и спорт да ги преправи своите печати и штембели најдоцна до 30.04.2008 година и со истите да поднесат ново барање до Агенцијата за млади и спорт.
Тоа важи за сите ново пререгистрирани клубови и за останатите кои се во процедура на регистрација.
Членарината за 2008 година треба да се плати најдоцна до 30.04.2008 година.
Претседател м-р Дејан Силјановски
Известување!!!
Ги известуваме сите заинтересирани клубови и членови кои сакаат да земат учество FIM релито кое се одржува од
7-13 Јули / 2008 година во Messinia - Република Грција.
Сите информации можете да ги добиете во просториите на Мотоциклистичката Федерација на Македонија секој работен ден од 09 до 16 часот.
Просториите се наоѓаат на улица Стрезово бр.5 (во близина на Германската амбасада).
Тел: 02 3083 060
Факс: 02 3083 061